Почина Игор Спасов: Водителот на култната емисија е пронајден мртов во својот стан во Нов Белград!

YouTube/Printscreen

Игор Спасов (60), автор на култната емисија „Повикајте 92“ за црна хроника, денес беше пронајден мртов во својот стан во Нов Белград.

Како што пишува Курир.рс, на телото немало видливи повреди. Според првичните информации, водителот починал во сон. Неговите пријатели велат дека последните денови не се жалел, но дека неодамна имал инфаркт и дека имал проблеми со срцето.

Спасов живеел на релација Прага-Белград, беше професор на факултетот во Прага каде предаваше монтажа.

Спасов од 1982 година до 1986 година студирал на чешката филмска и ТВ академија ФАМУ. Во 90-те станал познат како автор и водител на култната емисија за црна хроника „Повикајте 92“ на Радио-телевизија Белград.

После долгогодишната работа во РТС, тој преминал на БК телевизија каде ја направил и водел емисијата „Експиријум“.

После гасењето на БК ТВ тој заминал во Чешка.

Од 2012 година до 2014 година беше уредник и продуцент на телевизијата Метропол од Прага. Таму беше автор на емисијата „Ја сакам Прага“, како и емисиите за црна хроника.

Во 2014 година во Прага ја основал приватната продукција „Експиријум“. Минатите години предавал на меѓународниот филмски конзерваториум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот