Почина чешкиот режисер и оскаровец Јири Менцел

Фото: EPA-EFE/DANIEL DEME

Познатиот чешки филмски и театарски режисер Јири Менцел почина во 82 година од животот, објави неговата сопруга Олга на социјалните мрежи.

Менцел се прослави со неговиот прв долгометражен филм „Строго контролирани возови“ во 1966 година за кој беше награден со Оскар во категоријата за најдобар странски филм. За престижната награда во 1986 година беше номинирана и неговата популарна серија „Село мое мало“ додека бројни негови филмови стануваа класици за чешката публика и режисери.

Во своите филмски остварувања комбинираше хуманистички поглед на светот со сарказам и провокативни теми и беше важен учесник во новиот чешки бран. Како и останатите режисери од неговата генерација, Менцел се соочуваше со проблеми со комунистичката власт.

Меѓу познатите негови филмови се „Злочин во моминското школо“ од 1965 година, „Каприциозно лето“ од 1968 година и „Му служев на англискиот крал“ од 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот