Почина Акира Торијама, креаторот на „Драгон бол“

Акира Торијама / Фото STR / AFP / Profimedia

Акира Торијама, креаторот на „Драгон бол“, еден од највлијателните и најпродаваните јапонски стрипови на сите времиња, почина денеска на 68-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.

Торијама подлегна на акутен субдурален хематом или крварење во близина на мозокот, се вели во соопштението. „Тој го напушти овој свет со многу титули и уметнички дела“, велат од неговото семејство.

„Драгон бол“ е исклучително популарно аниме низ целиот свет, како и стриповите, филмовите и видео игрите.

Фановите му оддадоа почит на Торијама за создавањето ликови кои станаа дел од нивното детство. Серијата стрипови „Драгон бол“ беше објавена во 1984 година. Почнува со животот на момчето Сон Гоку, кое собира магични змејски топки за да го одбрани светот од Саијаните.

Роден во Нагоја, Јапонија во 1955 година, Торијама се пробил во светот на стриповите во раните 1980-ти со Др. Слупом, но „Драгон бол“ е неговото најпознато дело. За многу фанови, патувањето на Сон Гоку од дете до херој ја рефлектира неговата сопствена борба и сомнежите во себе додека растел.

Серијата „Драгон бол“ е синхронизирана на многу јазици, а акционите фигури сè уште се бараат во продавниците низ Јапонија, Кина и Југоисточна Азија.

Во интервју за јапонски весник во 2013 година, Торијама рекол дека „немал поим“ како „Драгон бол“ станал толку популарен низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот