По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Мицковска: Да има повеќе емпатија кон животните

Тина Мицковска / Фото: Слободен печат

Тина Мицковска, активист за заштита на правата на животните за „Слободен печат“

Годинава беше една од најлошите за многу наши граѓани, но и за светот. Но, искрено сакам да ја паметам и по некои убави работи. Лично, се радувам што на многу бездомни животни со помош на хумани луѓе успеавме да им најдеме топол дом и се надевам дека во 2022 година повеќе ќе се крене свеста за животните кај нас.

Посакувам нова година со повеќе насмеани и среќни луѓе, финансиска стабилност и можност сите да имаат достоинствен живот. Многу нови вдомени животини и нивни среќни приказни. Секако, најмногу посакувам зголемена емпатија кај секој од нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот