По само една година „пукна тиквата“ помеѓу Шон Пен и 32-години помладата Лејла

шон пен
Фото: Профимедиа

Сопругата на Шон Пен, 29-годишната актерка Лејла Џорџ поднесе документи за развод по само една година брак.

Актерката и филантроп Лејла Џорџ, чие родено име е Лејла Д’Онофрио, по само една година во официјализиран брак со актерот Шон Пен поднесе барање за развод до Врховниот суд во Лос Анџелес според официјалните судски документи.

Австралиско-американската актерка е ќерка на актерот и продуцент Винсент Д‘Онофрио и актерката Грета Скаки, а ова беше нејзин прв брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Siol.net Trendi (@siol.net_trendi)

61-годишниот Пен и 32 години помладата актерка беа во врска од 2016 година по нивното прво јавно појавување на црвениот ќилим, а се венчаа во јули 2020 година со приватна церемонија во присуство на само неколкумина блиски луѓе.

Веста за нивната венчавка се појави најпрво во форма на гласини откако беа забележани дека носат златни прстени, а ја потврди самиот Пен со објава на неговиот инстаграм-профил месец подоцна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vision Punjab TV (@visionpunjabtv)

„Направивме свадба во КОВИД. Беше со општински матичар на „Zoom“, и ние бевме дома со моите две деца и нејзиниот брат, и така го изведовме тоа“, изјави Пен минатата година за време на гостувањето во емисијата „Late Night with Seth Meyers“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TODAY (@todayshow)

Шон Пен е познат по своите врски со познати личности. Беше во 4-годишен брак со Мадона од 1985 година, и со Робин Врајт од 1996 година со која има две деца, 30-годишната Дилан и 28-годишниот Хопер. Пен беше и во врска со актерката Шарлиз Терон во 2014 година.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот