По ручекот следи десерт: Колач со урми и ореви

Фото: Unsplash

Урмите се веројатно најслаткиот плод на природата. Традиционално се одгледуваат во Ирак, Северна Африка и Мароко, а ова овошје е споменато повеќе од 50 пати во Библијата и околу 20 пати во Куранот.  Урмите имаат навистина импресивна хранлива вредност. Најголемиот дел од калориите на урмата доаѓаат од нејзиниот јаглехидратен состав, а сосема мал дел од протеините. Количеството на мастите е сосема занемарливо.

Овие суви овошки се нераздвоен дел од традиционалната кујна на Блискиот Исток, но доста често се користат и во подготовката на медитеранските слатки. Лесно се прилагодливи со секојдневата исхрана, може да се најдат како главна состојка во многу слатки рецепти и здрави напитоци.

Состојки:

– 100гр урми
– 250гр сечкани ореви
– 100гр суво грозје
– 3 јајца
– 250гр шеќер
– 4 лажици брашно
– 1 кесичка прашок за пециво

Подготовка:

Во подлабок сад убаво изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Потоа додадете го брашното и прашокот за пециво. Измешајте убаво за да добиете хомогена смеса.

Исчистете ги урмите од семки и исечкајте ги на ситни парченца. Исчистените ореви исецкајте ги, но на покрупни парчиња и измешајте ги со урмите во еден сад.

Со постепено мешање почнете да го додавате миксот од овошје во смесата со јајца и брашно за убаво да се распоредат секаде низ тестото.

Сипете го колачот во подлабок калап и печете на претходно загреана рерна од 180 степени.

Добар апетит!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот