По паузата ќе продолжи собраниската расправа за изборот на нова влада

Зоран Заев собрание влада
Зоран Заев / Фото: МИА

По паузата што ќе трае до 18.15 часот ќе продоложи расправата во Собранието за изборот на нова влада, предложена од мандатарот Зоран Заев.

Во продолжението на попладневната расправа продолжи дебатата меѓу власта и опозицијата за и против изборот на оваа влада.

Мандатарот Зоран Заев во продолжението на попладневниот дел на расправата рече дека субвенциите во земјоделството се зголемиле со оваа власт.

-Кога дојдовме 2017 беа околу 90 милини што се исплаќаа, стигнавме до 135 милиони. Ги намаливме од некои 4-5 милиони како што имаше правни субјекти, најмногу 300 илјади евра на правните субјекти заради тоа што имаат поголема продуктивност за разлика од индивидуалните. Ги алоциравме веднаш на индивидуалните земјоделци. Сега токму тие пари во најголем дел доаѓаат кај вистинските земјоделци индивидуалните се со конечна цел да ги мотивираме да го окрупнат земјоделското земјиште, да ја намалат трошоците, да ја зголемат продуктивноста, рече Заев, одговараќи на забелешките на пратеникот Панчо Минов, дека откупната цена на грозјето е многу ниска и оти треба секогаш да се слушаат лозарите.

Потсети дека се ставени под концесии стотици хектари на вистински земјоделци со бизнис планови кои стартуваа и веќе работат по групи до три хектари, над три хектари, се градат акумулациите и системите за наводнување Коњско, Речани во Кочани, Вардарска Долина и многу други.

Во однос на зелената нафта, потсети дека почнале со 30 отсто, сега е 50 отсто и изрази уверување дека слледниот период ќе биде до 100 проценти, а тоа, како што рече, ќе значи дека земјоделците нема да ја плаќаат нафтата што ќе ја користат.

-Оваа сезона влегуваме со рефлексии исто така од корона кризата. Триесет милиони килограми повеќе има во визбите вино, односно 30 милиони литри има повеќе вино, а тоа се некаде над 40 можеби милиони килограми грозје и разработивме две идеи што следната недела верувам дека ќе ги утврдиме како влада, а тоа е подготвеноста да ги убедиме визбите да ја покачат до максимум откупната цена која што ја стартуваа од 4, од 5, од 6, од 7 денари зависно дали е за „смедеревката” или за „вранецот” и се потрудивме да ја постигнеме најмалку ланската откупна цена која што беше 15 денари со 13 денари. Оваа година откупната цена на партнерски основ, со разговор со визбите го потврдија тоа сите визби ќе биде 11 со 9, каде што владата ќе интервенира со четири денари директно за да можеме да постигнеме 13 со 15 денари. Два и пол милиони евра од веќе предвидените во буџет уште во мај месец ќе одат директно со двата денари за субвенција, а останатите 2,5 милиони евра ќе одат за поддршка на транспортните трошоци за извоз на наливното вино и на флашираното вино, со конечна цел овие вишок количини да ги испразниме час поскоро и така верувам дека ќе одржиме стабилни цени да се откупи целото грозје и да се постигнат најмалку откупните цени од лани, рече Заев.

Во овој дел од расправата се отвори и прашањето за родовата рамнопраност, откако пратеникот Скендер Реџепи од коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива и порача на пратеничката на ДУИ Арта Биљали Зендели дека не сака да и реплицира затоа што е жена.

На тоа се надоврза и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, која рече дека  оваа влада е изразито „машка” и дека нема рамноправна застапеност на жените. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот