По осум години прв комерцијален лет меѓу Дамаск и Алепо

Сириски патнички авион од Дамаск денеска слета во Алепо, што е првиот комерцијален лет меѓу двата најголеми градови во Сирија од 2012 година.

Летот, во кој биле сириски функционери и новинари, е значаен симбол дека Владата на претседателот Башар ал Асад, со поддршка на руската армија, ја консолидира контролата врз северозападната провинција Алепо и ги зазеле последните делови од стратешкиот автопат што ги поврзува градовите Алепо и Дамаск, коментираат светските агенции.

Автопатот, на кој се вршат поправки, како што е најавено, ќе биде отворен за неколку дена, за прв пат по осум години.

Владините сили во последните неколку недели спроведоа голема офанзива за да ја вратат контролата врз провинцијата Алепо и делови од соседната провинција Идлиб, последните упоришта на бунтовниците во земјата.

Жестоките борби на повеќе фронтови го предизвикаа најголемиот бегалски бран во деветгодишната граѓанска војна, а речиси еден милион тргнаа кон границата со Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот