По објавениот текст во „Слободен печат“: Институциите и граѓаните реагираат за да му помогнат на болниот Мутибариќ

Откако „Слободен печат“ објави дека легендарниот голман Драган Мутибариќ (75) е во тешка состојба, со доживеан мозочен удар и делумно парализиран, има реакции од повеќе институции и од обични граѓани, кои сакаат да му помогнат.

Како што дознаваме од домот на Мутибариќ, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска треба да го посети поранешниот голман на Вардар за да му понуди помош. Исто така на денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ќе се решава како би можело да му се помогне на познатиот фудбалер, кој е во очајна состојба, според негово кажување.

Мутибариќ живее со сопругата и има мала пензија 13.500 денари, која не е  доволна за скапите лекарства и за одржување на домаќинството. Тој ни се пожали дека сите го заборавиле, но по текстот во нашиот медиум реагираат многумина, од институции до обични граѓани, кои сакаат да му помогнат на познатиот спортист. По 12 дена минати во болница, Мутибариќ неколку дена е дома.

Мутибариќ: Ситуацијата ми е катастрофална, никој не помага!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот