По негодувањето на Хрватите поради гостувањето на Лепа Брена на ХРТ, се огласи телевизијата: „Нè искористи“

Instagram
Фото: Инстаграм

Хрватската радио-телевизија истакнува дека Лепа Брена ги искористила, или поточно, дека го злоупотребила предвиденото време за да разговара за нејзината кариера и приватен живот за да ги пласира сопствените производи.

Гостувањето на Лепа Брена во хрватскиот јавен сервис предизвика лавина негативни коментари, а во таа прилика беа упатени бројни навреди кон музичката ѕвезда.

Откако ја критикуваа Александра Пријовиќ дека нејзиниот четврти концерт во Загреб бил неспоредливо подобар од претходните три, и поради изборот на гостите и поради времетраењето, дел од корисниците на социјалните мрежи од Хрватска ја нападнаа и пејачката Лепа Брена, пишува српски „Курир“.

Како што веќе пишуваа српските медиуми, на некои од Хрватска им пречело појавувањето на Лепа Брена во емисијата „Кај нас дома“ на ХТВ.

По тој повод, покрај концертот на својата снаа Александра Пријовиќ, Брена ја искористила можноста и да ги изрекламира производите на својата компанија, па поединци жестоко ја навредија, притоа не бирајќи зборови. Покрај неа, на удар се најде и водителката на таа емисија.

Сега, по скандалот, се огласи и Хрватската радиотелевизија, со официјално соопштение истакна дека Лепа Брена ги искористила.

– Во емисијата „Кај нас дома“ што се емитуваше на 04.12.2023 година, една од гостинките беше и пејачката Лепа Брена. Гостинката претходно беше запознаена со сите теми на разговорот. Сценариото за  гостување ги содржеше следните теми: Претпразнично време, како го поминува со семејството, за нејзините концерти пред многубројна публика, нејзината пејачка кариера, сеќавањата на Загреб, феноменот на пет распродадени арени од Александра Пријовиќ и најавата за нејзиниот концерт во Арена Загреб следната година. Меѓутоа, и покрај тоа, гостинката, за жал, го искористи гостувањето во емисијата во живо и го рекламираше својот нов претприемачки проект. Никој вклучен во создавањето на оваа популарна попладневна забавна емисија немаше намера да ги рекламира споменатите производи – истакнале од ХТВ.

Откриени хонорарите за пеење на свaдби на регионалните ѕвезди: Колку земаат Јелена Розга, Жељко Јоксимовиќ и Лепа Брена?

ФОТО | Ги покажа нозете долги 2 метра: Лепа Брена насмеана ужива во егзотичен коктел

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот