ПО „ЈАВНА СОБА“, СЕГА И „ГЕВГЕЛИЈАХАБ“: Порнографски клипови од жени од Гевгелија се шират по приватни пораки на Фејсбук

За оваа појава Слободен печат ја информираше полицијата на која и ги испративме и видео клиповите кои дојдоа во наши раце.

До редакцијата на „Слободен печат“ пристигнаа десетина порнографски клипови и фотографии со експлицитна содржина на кои се гледаат ликовите на девојки и жени од Гевгелија и од Богданци. Овие видеа масовно се споделуваат по приватни канали од еден на друг корисник во Гевгелија овие денови, а жените и девојките што се на нив, се мета на јавен линч на своите сограѓани, кои не само што ги споделуваат клиповите по пат на системи за пораки, како Вибер и Месенџер, туку и создаваат адаптации на логоа од порнографски сајтови насловени како „ГевгелијаХаб“.

За оваа појава Слободен печат ја информираше полицијата на која и ги испративме и видео клиповите кои дојдоа во наши раце.

Прочитајте и...  Бектеши со менаџментот на СКСЗМ: Една од мерките во четвртиот сет е намалување е парафискалните давачки

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Исто така и Хелсиншкиот комитет за човекови права собира информации за случајот по што оттаму најавија соодветни дејствија. Неофицијално, станува збор за материјали што девојките им ги пратиле на своите партнери и не биле наменети за очите на целата јавност, како што тоа се случува откако видео материјалите биле злоупотребени и „протекле“ на социјалните мрежи.

– Преку сервиси за пораки, како Месинџер и Вибер, цела недела се препраќаат фотографии и експлицитни видеа од жени од Гевгелија. Се започна од едно видео од жена од едно од тукашните села по што секој ден има нов „бран“ од други видеа и фотографии од помлади и повозрасни девојки и жени што се пуштаат од еден на друг. Размислувам како да побарам бесплатна правна помош за жртвите на овој тренд, ни изјави претседателка на невладина организација од Гевгелија што сакаше да остане анонимна.

Прочитајте и...  Француска полиција: Уапсен 47 годишен маж под сомнение за контакт со напаѓачот во Ница

Слични појави ја вознемирија македонската јавност на почетокот на годинава, кога на сервисот Телеграм, во група „Јавна соба“ беа споделувани материјали од девојки ширум земјава со експлицитна конотација. Дел од тие девојки беа малолетни.

Се преземаат активности за расчистување на случајот со групата „Јавна соба” на „Телеграм”

Поврзани вести

Хаос со ковид тестовите во семејството на Амди Бајрам: Синот со негативен тест бил на погреб, сега е позитивен

Слободен печат

Царовска и Шекеринска на средба со ученици олимпијци по информатика

Слободен печат

Бугарски „Медијапул“: Скопје категорично ја отфрли „понудата“ од Софија- македонскиот јазик и нација немаат бугарски корени

Слободен печат

Се тресеше од Истанбул до Атина: Земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтер кај грчкиот остров Самос

Слободен печат

Треба ли нешто да се смени за пациентите да не доаѓаат во болница доцна?!

Мирослава Бурнс

Бектеши: Ги утврдуваме парафискалните давачки за да ги скратиме

Слободен печат

Остави Коментар