По еден месец, Ким Џонг Ун се појави во јавноста

EPA
Ким Џонг-Ун / Извор: EPA-EFE/KCNA

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска претседаваше со седницата на владејачката Работничка партија, што е негово прво појавување во јавноста после еден месец.

Државната агенција КЦНА соопшти дека Ким изрази благодарност затоа што бројни работи биле забрзани благодарение на „идеолошкиот ентузијазам и борбениот дух” што го покажале партијата и членовите.

Тој додаде дека одредени работи мора да се поправат и повика да се одржи седница на Централниот комитет на Работничката партија со цел да се разгледа државната политика за првата половина на 2021 година.

Седницата треба да се одржи во првата половина на овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот