По две блокади слупчанци ќе добијат модернизирана мрежа од ЕВН

Фото: Фејсбук, Општина Липково

Претставниците на ЕВН и жителите на Слупчане денеска одржаа втор состанок за да ги финализираат техничките детали поврзани со модернизирање на мрежата во селото. Состанокот, како што информираат од ЕВН бил успешен, а в понеделник ќе се одржи последниот состанок, по кој следува спроведувањето на проектот.

Претседателот на Советот на Општина Липково, Зекирија Шаини очекува да се финализираат некои финеси и детали и да се почне со модернизација на мрежата.

Претходниот месец во два наврати жителите на Слупчане остануваа без електрична енергија и испратија барања до ЕВН. Од компанијата, тогаш посочија дека поголем дел од слупчанци не плаќаат струја. На 27 јули беше постигнат договор кој наскоро треба да биде потпишан. Според последни информации модернизирањето на мрежата треба да почне на 9 август годинава.

Жителите на Слупчане минатата недела не дозволија влез на екипите на ЕВН, а испратија и неколку барања, кои според компанијата се спротивни на законските регулативи.

Тие побара да им се простат досегашните долгови, кои, според податоците на ЕВН, изнесуваат неколку илјади евра. Исто така, бараат и бесплатни нови приклучоци, како и сметките за струја да не им се фактурираат повеќе од 3.000 денари, без разлика колку ќе потрошат, а верските објекти да бидат ослободени од плаќање сметки за струја.

Претходно, мештаните од селото го блокираа патот на екипите на ЕВН и не им дозволија да влезат во селото.

Од ЕВН тогаш соопштија дека со ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги оставил и соседните села без струја.

Загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот