По два дена, еден новозаболен во Прилеп, од утре скрининг на вработените во градинките

Прилеп/Фото: МИА

Закажувањето е преку системот „Мој термин”. Тестирањето ќе трае два дена, во четврток и во петок, при што ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките. Инаку, во Прилеп се 180 вработени во шесте градинки во градот и четирите во населените места.

Во Прилеп денеска има еден нов случај на заболен од коронавирусот, по двата дена кога немаше новозаболени. Центарот за јавно здравје не регистрирал новооздравени од оваа заразна болест. На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 14 лица, од кои 12 се позитивни на коронавирусот. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти кои се негативни на Ковид-19.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека од утре, четврток 28 мај, започнува таргетираниот скрининг за вработените во градинките на територија на општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани. Тестирањето се спроведува со посебен протокол, а земањето на материјалите ќе се организира по теренски принцип, односно со земање материјал во објектите на градинките, согласно со нивниот план и во договор со установите.

Закажувањето е преку системот „Мој термин”. Тестирањето ќе трае два дена, во четврток и во петок, при што ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките. Инаку, во Прилеп се 180 вработени во шесте градинки во градот и четирите во населените места.

Земените материјали се доставуваат до вирусолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје во Скопје за паралелно на овој процес да се изготви протокол за работа на градинките и тие да се стават во функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот