ПМГ Џез: Јордан Костов квинтет ќе настапи во МКЦ

Најновото издание „Кам бек“ (Come Back) на Јордан Костов квинтет, кое неодамна се појави под етикетата „ПМГ Џез“, ќе може да се слушне на концерт во живо на 26 февруари во МКЦ во Скопје. Јордан Костов е еден од највредните и најинтригантни ликови на современата македонска џез-сцена. Тој е композитор, хармоникаш и инспиративна фигура, со веќе четири изданија за „ПМГ Џез“.

На новото издание, покрај авторот Костов, учествуваат и Андреа Мирческа, Филип Букршлиев, Дамјан Грујо и Драган Теодосиев. „Станува збор за маркантна и сонично флуентна екипа на млади, но беспрекорно талентирани музичари. Нивната соработка е мошне плодна и се протега на неколку изданија и сценски настапи“, истакнуваат од „ПМГ Џез“.

Концертот ќе се одржи според пропишаните правила и норми за однесување во пандемиски услови со задолжително носење маски и одржување соодветно растојание. Бројот на билети е строго ограничен на 70 посетители.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 69, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 20-21 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот