Деби-албумот „Ентропија“ на музичко-поетското дуо „Аспирин мун“ излезе во издание на „ПМГ Џез“
Скопската дискографска куќа за авангарден џез „ПМГ Џез“ во декември 2025 година го објави „Ентропија“ (Entropy), албумот првенец на експерименталното музичко/поетско дуо „Аспирин мун“ (Aspirin Moon). Изданието претставува кулминација на повеќегодишната креативна соработка меѓу еминентната македонска поетеса Марија Грубор и џез-гитаристот Филип Букршлиев – два авторски гласа што упорно и доследно ја избегнуваат комфорната зона …

