Плагијатите на Бреговиќ: Во мојата музика секогаш ќе се најде нешто и од старата волна (ФОТО+ВИДЕО)

Instagram

Пред петнаесетина години францускиот музичар Енрико Масијас наводно го тужел Горан Бреговиќ, тврдејќи дека Бреговиќ во филмот „Arizona Dream“ на Емир Кустурица ја искористил неговата музика.

Францускиот суд го прогласил Бреговиќ за виновен за плагирање и одредил дека мора да му исплати на Масијас еден милион евра.

Наводно Бреговиќ ја платил казната и така стана првиот музичар од регионот кој платил толку голема отштета за плагирање.

„Бреговиќ не ја почувстува тешко загубата бидејќи цедето со музика од филмот се продаваше во Америка и тој заработи дури 7 милиони евра“, пренесе тогаш извор за српски Курир.

Приказната тогаш ја потврди и Кустурица, кој поради тој случај наводно го прекинал долгогодишното пријателство со Бреговиќ.

„Што се однесува до мене, Брега е завршена приказна. Прекинавме секаков контакт кога ме измами за музиката во филмот „Аризона дрим“. Му платив да напише музика, а тој ми подметна една корзиканска, еврејска песна. Така тој заработуваше кај мене. Уште и ме обрука кај Иги Поп“, објаснил тогаш Кустурица.

Плагијатите на Бреговиќ

„Да, крадев музика, ама тоа не е лесно, да беше лесно, секој ќе го правеше тоа, рече во една прилика Бреговиќ, кој многу не се грижи што го следи глас како врвен „рециклатор на туѓи хитови“.

„Во нашата традиција е од два стари џемпери да се исплете еден нов, така и во мојата музика секогаш ќе се најде нешто и од старата волна“, рече Бреговиќ во врска со обвинувањата за плагијатура.

Приказните за плагијатите почнаа веќе со првиот албум на „Бјело дугме“, „Кад би био бјело дугме“, каде песната „Не спавај мала моја музика док свира“ во делови е слична на хитот на Чак Бери „Rock And Roll Music“.

„Блуз за моју бившу драгу“ необично наликува на песната на „Лед Зепелин“ „Since I’ve Been Loving You“.

Во песната „Патим ево десет дана“, се нашле елементи од опесната „Tush“ на групата „Зизи топ“.

Освен од Американците Бреговиќ позајмувал и од Русите, па така во песната „Хајдемо у планине“ наводно го презел рефренот од руската народна песна „Хорош маљчик“ во изведба на Олга Јанчевецка.

Песната „Пљуни и запјевај, моја Југославијо“ се зборува дека е плагијат на песната „Eye of The Tiger“.

Во песната „Замисли“ наводно се украдени делови од хитот „Jungle Man“ на „Ред хот чили пеперс“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот