Пјонгјанг распушти неколку агенции кои работеа на обединување со Сеул

Северна Кореја/ Фото: ЕПА

Северна Кореја распушти неколку агенции кои работеа на обединување со Јужна Кореја, јави официјалната агенција КЦНА, откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека обединувањето на неговата земја со јужниот сосед повеќе не е можно.

Одлуката за распуштање на агенциите ја објави севернокорејскиот парламент. Станува збор за три организации кои се занимаваа со прашањето на обединувањето и меѓукорејскиот туризам.

Ким вчера во говор во Парламентот рече дека неговиот конечен заклучок е дека обединувањето со јужниот сосед повеќе не е можно и го обвини Сеул дека сака да ја собори неговата влада. Тој побара уставен амандман со кој ќе се промени статусот на Јужна Кореја.

Ким предупреди дека неговата земја не сака војна, но нема намера да ја избегне.

– Не сакаме војна, но немаме намера да ја избегнеме, рече Ким.

Во минатонеделниот извештај за проектот „38 Север“, чие седиште е во САД, поранешниот службеник на Стејт департментот Роберт Карлин и нуклеарниот научник Зигфрид Хекер рекоа дека ситуацијата на Корејскиот полуостров е поопасна од кога било од почетокот на јуни 1950 година.

– Можеби звучи премногу драматично, но веруваме дека, како и неговиот дедо во 1950 година, Ким Џонг Ун донесе стратешка одлука да оди во војна, напишаа тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот