Питбул нападнал момче во Австралија, лекарите едвај го спасиле

Питбул нападнал момче во Австралија, лекарите едвај го спасиле / Фото Дејли мејл

Данте Скордас (6) во петокот си играл со својата двегодишна сестра во Рокхемптон, Квинсленд, кога бил нападнат од питбул. Итно бил пренесен во болница каде поради тешки повреди добил 30 конци. Неговиот татко Ендру вели дека тоа било многу тешко искуство за момчето. „Беше многу трауматично. Многу трауматично, особено за него“, рекол таткото, како што пренесува Дејли мејл.

Ендру Скордас, кој бил присутен за време на нападот, вели дека се се случило многу брзо и дека кучето само го нападнало момчето додека си играло со сестра му. „Се свртев и тоа ме касна. Тато мораше да го повлече кучето од мене”, вели шестгодишното дете. Детето завршило со голема отворена рана на левиот образ која се качила до увото.

Втората поголема повреда била на десната страна на лицето и се протегала од образот до брадата. Семејството вели дека операцијата траела три часа и дека Данте за малку ќе умрел од загуба на крв за време на нападот. Питбулот престојувал кај соседот, иако тој не бил негов сопственк, туку само го чувал. Истрагата за околностите на инцидентот е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот