Пинк искрено за својот брак: Одамна ќе се разведев ако не одев на брачни советувања! (ФОТО)

пинк
Фото Профимедиа

Американската пејачка и актерка Пинк (40) открила како таа и нејзиниот сопруг, моторциклистот Кери Харт (44) го зачувале бракот кој трае веќе 14 години.

Имено, Пинк открила дека таа и Кери најверојатно би се равеле ако не иделе на брачно советување, бидејќи тоа доста им помогнало да ја сочуваат својата оаза на љубовта.

Пинк неодамна разговараше на Инстаграм во живо со својата долгогодишна брачна советничка Ванеса Ин, која им помогнала да го зачуваат бракот.

Фото: Профимедиа

– Примив бројни критки на сопствена сметка од луѓе на кои им признав дека со сопругот идеме на брачни советувања. Со Ванеса имав прилика да разговарам насамо, како и во друштво на сопругот и токму таа е единствената причина зошто ние сме се уште во брак – кажала Пинк на Инстаграм.

– Како деца немавме прилика да научиме како да имаме здрав однос и да се согласуваме со луѓето, а тоа што се случува сега на нашта земја е совршен пример за тоа. Не знаеме како меѓусебно да се сакаме и да се согласуваме. Не знаеме да комуницираме – рекла познатата пејачка.

profimedia

Пинк тврди дека нејзиниот сопруг не е единствениот кој создавал проблеми во нивната врска, туку дека и таа постојано за нешто му забележувала.

– Постои разлика помеѓу врска и интимност, а всушност интимноста е најтешка за мене. Постојат неколку моменти од брачното советување со сопругот, кои никогаш нема да ги заборавам. Со години му забележував дека не е присутен, дека не ме сфаќа, дека не ме слуша во емоционална смисла и дека не се труди да го разбере мојот јазик – рекла Пинк и додала:

– Кога Ванеса ни кажа да заќутиме, да станеме и да ги ставиме рацете еден кон друг на срцето и да се погледнеме во очи, во тој момент сфатив дека цело време сум претерувала и дека всушност јас сум била таа личност која само зборувала и забележувала нешто – заклучила пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот