Пицула: Важно е ЕУ да им помогне на земјите од Западен Балкан

Известувачот на Европскиот Парламент за Западен Балкан, Тонино Пицула, нагласи дека во ситуација на глобална криза предизвикана од новиот коронавирус, важно е Европска Унија да им помогне финансиски на земјите кои географски припаѓаат на Европа и се опкружени со земји-членки.

– Тоа е и политичка порака што зборува за иднината на процесот на проширување, истакна Пицула.

За време на дебатата во ЕП за реагирањето на итни случаи на ЕУ на Ковид-19, Пицула изјави дека не постои сеопфатна стратегија на Унијата за сузбиување на пандемијата доколку таа стратегија не ги вклучува и државите од Западен Балкан.

Тој ја поздрави одлуката на Европската комисија за одобрување итно пакет помош за здравствените системи на држави во Западен Балкан, во вредност од 38 милиони евра, со релокација на 373 милиони евра за социјално и економско закрепнување на регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот