Пицула: С. Македонија исполни сè, но ЕУ потфрла и не ги исполнува очекувањата

Европратеникот Тонино Пицула, во своето гостување на „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека Северна Македонија ги има исполнето сите критериуми за влез во Европската Унија.

Тој напомена дека барањето за промена на име на држава е сериозна работа и додаде дека ЕУ треба да биде сериозна и да ги исполни ветувањата.

„Наместо било какви нон-пејпери нас ни треба пејпер, наместо некакви илузорни обиди нас ни треба реална политика, а реалната политика во овој случај е дека земјата која навистина ги исполнила сите критериуми кои не се стандардни затоа што да барате од некој да го промени името е многу сериозно, не е како да барате промена на некој закон за екологија и ако сака да биде некоја геополитичка комисија или да биде геополитички влијателна Европска Унија, тогаш нека го докаже тоа во своето прво соседство. Западниот Балкан не е оддалечен, тој е првиот сосед на Европската Унија и еве можност до крајот на оваа година таа несреќна, јас би рекол помалку и срамна епизода да се стави ад акта“, кажа Пицула.

Пицула додаде дека ЕУ се покажа како непринципиелна, бидејќи и Косово има направено значителни поместувања во политиката, но ЕУ повторно не ги исполнува очекувањата. Визите што се потребни за влез во земјите на ЕУ треба да бидат укинати.

„Ние навистина заговараме проширување и пред се заговараме Европската Унија да ги исполни своите обврски како спрема Северна Македонија така и спрема Албанија, но дозволете да потсетам дека и Косово направи сериозни поместувања во својата политика, се сеќавате имаше притисок за ратифицирање на својата граница со Црна Гора како би се укинале визите за слободно патување во Европската Унија, тие тоа го направија, а Европската Унија сеуште не ги укинала визите за граѓаните на Косово. Значи само врз примерот на тие три земји треба да се биде принципиелен и мене ми е мило дека тука Загреб е принципиелен, а верувајте се останато спаѓа во рамките на хрватската внатрешна политика.“, вели Пицула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот