Петтоодделенците конечно добија учебник по Македонски јазик, на две недели пред распуст

Министерство за образование / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

На помалку од две недели пред крајот на учебната година, во основните училишта пристигна учебникот по Македонски јазик за петто одделение, направен согласно новата Концепција за основно образование. Од Министерството за образование и наука (МОН) објаснуваат дека тие го праќаат на печатење учебникот штом ќе добијат одобрение од Националната комисија за учебници дека тој може да се користи.

„Печатењето учебник е процес. Во образование има повеќе од 1.000 учебници по различни предмети. Има дел што не се испечатени. Како доаѓа одобрение за нив, така ги печатиме“, информираат во МОН.

Наставници велат дека изминатава учебна година импровизирале без учебник по Македонски јазик, односно учениците учеле од копии од стариот учебник, но и од материјали од интернет. Врз основа на тоа, наставниците ги тестирале и оценувале учениците.

Од МОН појасуваат дека следната година нема да се печати нов учебник по македонски јазик за петто одделение, туку дека ќе се печатат уште примероци од истиот, ако за тоа има потреба.

Согласно Законот за учебници, секоја учебна година, учениците од прво до трето одделение добиваат нови учебници по сите предмети, бидејќи во нив има задачи кои налагаат пишување во самите учебници и нив следната генерација не може да ги користи. Но, за сите останати одделенија, нови учебници не се печатат секоја година, односно, еден учебник може да се користи пет години.

За основците, оваа учебна година трае до 14 јуни. Последниот учебен ден за средношколците пак, е на 9 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот