Петтата тенисерка во светот го пропушта Ролан Гарос

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Петтата тенисерка на ВТА листата, Џесика Пегула нема да настапи на турнирот во Париз, Ролан Гарос.

Пегула поради повреда го пропушти Мастерсот во Рим и се надеваше дека ќе се врати на терените за настап во Париз, сепак за жал не успеа да време да се рехабилтира.

„Жал ми е, но ќе мора да се повлечам од Ролан Гарос. Изминататите неколку недели имав проблем со повредата и поради тоа одлучив дека не сакам да ризикувам. Ако имав уште седум-осум дена одмор и време за тренинзи ќе настапев. Вака ситуацијата е поинаква и ќе морам да паузирам уште малку. Ќе се вратам за сезоната на тревна подлога“, изјави Пегула.

Американката досега во кариерата освои четири големи турнири, а највисокиот ранкинг го имаше во 2022 година кога заврши како третопласирана на ВТА листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот