Петровска: Опозицијата неколкупати безуспешно се обидуваше да направи мнозинство

Фото; МИА

Најавите за зголемувањето на мнозинството беа присутни и пред и по изборите, но свесни сме што се случи, вели пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска. Таа вечерва во гостување на ТВ24 рече дека нe мисли оти оставката на Заев е некакво изненадување, затоа што тој ја најави од претходно.

– Повлекување од неговата оставка нема, она што вчера беше заклучено на Централниот одбор е поврзано со светските текови и домашната политика ние како партија кажавме дека таа оставка треба да биде одложена додека не се стабилзира парламентарното мнозинство, рече Петровска.

Таа рече дека треба да се почека утрешниот исход од седницата кој ќе има мнозинство, а вечерашната средба на Заев со коалиционите партнери била на информирање на она што вчера се случувало на централниот и извршниот одбор.

– Очекуваме дека сите оние прогресивни сили кои го препознаат она што се случуваше во изминатиот период и сите позитивни исчекори кои беа направени, ќе го верификуваат и ќе го дадат својот глас. Граѓаните треба сами да оценат во текот на седницата. Изминатиот период имаше многу шпекулации од опозицијата за мнозинството и се покажа како неуспешен обид. Поднесоа иницијатива во чудни околности, но ќе почекаме до утре, рече Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот