Петровска – Кал: Новата безбедносна реалност е повик кон брза и ефикасна интеграција на регионот кон евроатлантските структури

Заедно со нашите сојузници во НАТО стоиме цврсто на позициите за превенирање на безбедносните кризи кои ги загрозуваат мирот, стабилноста и просперитетот во светот. Ги следиме и се спротивставуваме на операциите кои целат да предизвикаат безбедносна криза која ќе влијае на стабилноста и просперитетот и да создадат дилема околу стратешката улога на НАТО и ЕУ во нашиот регион. Со нашето заедничко учество во мисиите на НАТО и со поддршката на другите активности на Алијансата, заедно се справуваме со гео-политичките предизвици и даваме придонес кон намалување на потенцијалните ризици и закани кон евро-атлантската заедница, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на средбата со заменикот – помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни работи, Колин Кал.

Новата безбедносна реалност, нагласи министерката на средбата, повикува на уште посилно сојузништво и брза и ефикасна интеграција на Западниот Балкан во европските и евроатлантските структури.

Петровска, како што соопшти Министерството за одбрана, се осврна и на домашните задачи – растот на одбранбениот буџет кој се реализира согласно предивдената динамика, одвојувањето на една третина од тој буџет за модернизација и опремување, како и набавката на нова и софистицирана опрема, а особено лесните оклопни транспортери од американско производство.

 –Првата испорака на шест нови лесни оклопни транспортери ја очекуваме кон средината на летото. Тие и останатите транспортери кои се во процес на испорака  ќе го сменат ликот на нашата Армија која со секој изминат ден станува посилна, посовремена  и поподготвена за заштита на колективната безбедност, рече Петровска.

Додаде дека голем удел во овие позитивни поместувања во Армијата имаат и Соединетите Американски Држави, за што се заблагодари и изрази уверување дека интензивната соработка ќе продолжи и во иднина.

Потсекретарот за одбрана, Кал, порача дека САД отсекогаш ги поддржувале реформите во одбранбениот сектор на Северна Македонија и дека тоа ја покажува посветеноста како стратешки партнери, надградена со стратешкиот дијалог и посветеноста како сојузници во НАТО – Алијансата.

Министерката Петровска во текот на денот имаше повеќе средби во Пентагон и тоа со командантот на Бирото на националната гарда на САД, генералот Даниел Хокансон, со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал – мајор Грегори Најт и со потсекретарот на Армијата на САД, Габриел Камарило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот