Пет намирници што го „убиваат“ апетитот, можат да се консумираат и доцна навечер

Фото: Профимедиа

Во светот има сѐ повеќе приврзаници на гладувањето, а лекарите сметаат дека периодичниот пост или гладувањето е она што ги обновува клетките на телото и придонесува за слабеењето.

Но, што ако сте постојано гладни, ако сте во состојба да изедете сè што ви се сервира?

Научните истражувања велат дека на секоја личност ѝ се потребни две недели да се навикне на промените. Истото важи и за режимот на исхраната. Но, што ако не можете да ја „одржите“ вашата диета и имате силна желба да јадете сè што ви е забрането? Обидете се со намирниците што го „убиваат“ апетитот.

Иако не можеме да ги наречеме класични намирници за оброк, сепак, го потиснуваат апетитот:

1. Вода

Иако водата не можеме да ја вклучиме во групата на намирници, сепак, таа е најблаготворниот пијалак. Но, веројатно многупати сте слушнале дека е подобро денот да го започнете со чаша вода. Прво, помага да се спречи дехидрираноста, а второ, го намалува апетитот. Пиењето чаша вода пред секој оброк е исто така корисно. Ако треба да ги ублажите грчевите во стомакот, подобро е да пиете минерална вода.

Еве еден тест: кога ќе ве совлада неподнослив глад, напијте се една чаша млака вода. Почекајте околу десет минути, ако сè уште чувствувате глад, ручајте. Кога чувствуваме глад, нашето тело честопати ни испраќа сигнал дека, всушност, му треба вода.

2. Цимет

Овој зачин не само што го потиснува гладот, туку помага и во прочистувањето на желудникот, го намалува шеќерот во крвта и го забрзува процесот на слабеење. Ова се само некои од здравствените придобивки на циметот. Додадете малку цимет во чајот или кафето и ќе имате интересен вкус и ќе добиете огромни здравствени придобивки.

3. Зелен чај

Овој пијалак содржи тони корисни антиоксиданти и полифеноли. Зелениот чај е задолжителен за оние кои држат диета и сакаат да ослабнат, а резултатите ќе бидат неверојатни.

4. Чиа семе

Содржи бројни растворливи диетални влакна и омега-3 масни киселини. Обидете се да ставите неколку семиња во чаша вода и по половина час течноста ќе стане како желатин па од неа може да се прават одлични пудинзи. Исто така, семето може да се консумира суво. Изберете метод кој најмногу ви одговара.

5. Кафе

Некои луѓе мислат дека кофеинот може да помогне во потиснувањето на гладот, но истражувањата покажале дека тоа го прават антиоксидантите. Кофеинот едноставно растворен во вода не го намалува гладот ​​колку што може кафето без кофеин. Домашното кафе е здрав пијалак и нема причини за целосно да го исфрлите. Покрај тоа, кофеинот во кафето ги забрзува метаболичките процеси, што помага поефикасно да ги согорувате маснотиите.

Доволно е овие пет производи да ги вклучите во исхраната и да ја намалите телесната тежина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот