Пет лажни митови за коронавирусот

Фото: Профимедиа

Како се зголемува епидемијата на коронавирусот и како се зголемува бројот на заразени лица, така по социјалните мрежи, но и по некои медиуми, се зголемува бројот на дезинформации за неговото потекло, лечење и начинот на ширење.

Ова се само дел од митовите за коронавирусот:

Маските за лице не се толку корисни

Во Кина има недостаток на заштитни маски. Веројатно таа ситуација ќе се пренесе и на Европа, ако се зголеми драстично бројот на заразени лица.

Но, тие не се толку корисни колку што претпоставуваат многу. Тоа е бидејќи се прилично лабави, не ги прекриваат очите и не можат да се носат подолго. Се наведено во некоја мера овозможува вирусот да дојде до нас, односно маските всушност и не пружаат значајна заштита.

Не можете да добиете вирус од миленичињата.

СЗО наведува дека нема докази дека вашиот миленик може да ве зарази со нов вид на коронавирус. Но и понатаму препорачуваат редовно да ги миете рацете со сапун и вода откако ќе ги допрете.

Дали е вирусот исклучително смртоносен?

Повеќето од оние кои се заразени од коронавирусот имаат благи симптоми како кашлица и високи температури, па без проблем ќе закрепнат.

Меѓутоа, одреден број на заболени ќе развијат сериозни проблеми, како восплаение на белите дробови и отежнување во дишењето, а некои од заболените тоа нема да го преживеат. Слично како со грипот. Заради грипот кој редовно се појавува секоја зима, во Велика Британија годишно умираат 600 луѓе.

Моментално нема лек

Засега нема лек или вакцина против новиот коронавирус, ниту пак делуваат антибиотици бидејќи со нив се лечат бактериски воспаленија.

Научниците работат на развој на вакцина, но таа прво мора да се тестира на луѓе, па ќе пројде уште некое време пред да биде подготвена.

Можете да јадете кинеска грана

Нема потреба да престанете да купувате или нарачувате кинеска храна. Од СЗО велат дека е сигурно да се примаат и писма или пакети од Кина.

Вирусот не може долго да преживее на такви површини (пакети, чаши, рачки на врати и слично). За да се заразите, би морале да сте во близок контакт со заразена личност и да поминете во нејзина близина барем некои 15 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот