Пет фризури за оваа есен: Добредојдовте назад 60-ти! (ФОТО)

Instagram

Кога завршува летото, многу жени одлучуваат да направат нешто со косата, малку поради промена, а малку и за да ја освежат по летните жештини, кога косата е изложена на штетни фактори како што е УВ зрачењето.

Фрузурате е исклучително важен фактор за целокупниот изглед, одлуката за промена не треба да се носи од денес за утре, па можеби затоа уште сега е идеално време да проверите какви фризури ќе се носат оваа есен и да се одлучите која е најдобра за вашиот изглед.

1. Слоевита фризура од 70-те

Фризурата која според стручњаците ќе биде најпопуларна оваа есен е верзија на популарната фризура од 70-те која вклучува шишки и слоевито шишање, помалку разбушавена коса која без многу напор изгледа гламурозно.

Комбинацијата на прамени кои го обликуваат лицето и слоевито шишаната коса овозможуваат волумен .Исто така, оваа фризура е лесна за одржување.

2. Странични шишки

профимедиа

Оваа есен ќе биде сезона на шишки, а предвид доаѓаат оние кои го прекриваат челото и оние на страна. Најпопуларни ќе бидат во стилот на ѕвездата од 1960-те Бриџит Бардо. Тие шишки одговараат на секаков облик на лице.

3. Боб со остар пресек

View this post on Instagram

Wool

A post shared by Karolina Ościk-Alama (@cajmel) on

Секако дека ниту оваа есен нема да помине без една од најпопуларните фризури во изминативе години. Величествениот боб е секогаш тука, а верзијата која ќе се носи оваа есен е боб со остар пресек. Прецизниот пресек и должината до вилица ќе бидат огромен хит, но сигурни сме дека и другите верзии на боб ќе имаат свое место помеѓу есенските хитови.

4. Пикси

профимедиа

Љубителките на кратка коса и оваа есен нема да згрешат со пикси фризурата. Доколку ви треба инспирација, погледнете како оваа фризура ја носеше ретро иконата Миа Фароу, а благодарение на слоевите волуменот постојано ќе е присутен.

5. Класична фризура до клучната коска

Косата шишана со должина до клучната коска која го обликува лицето е класик кој останува популарен и во претстојната сезона. Се работи за фризура која е идеална за оние жени што сакаат пократка коса, но не премногу. Клучот на оваа фризура е во едноставноста. Се одликува со меки краеви и слоеви кои постигнуваат волумен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот