Песков: Русија нема ништо со хакерските напади и мешањето во изборите во Велика Британија

Портпаролот на Кремљ Дмитрија Песков ги отфрли како неосновани обвинувањата на Велика Британија дека Русија се мешала во парламентарните избори во Велика Британија во декември 2019 година и дека руските разунавачки служби стојат зад крадењето на информации за вакцина за Ковид-19.

„Немаме информации за тоа кој би можел да ги хакира британските фармацевтски компании и истражувачки центри, но едно можеме да кажеме: Русија нема никаква врска со тие обиди. Не толерираме ниту такви наводи, ниту уште едно обвинување за руско мешање во изборите во 2019 година“, наведе Песков, пренесува ТАСС.

Претходно, Националниот центар за кибер-безбедност на Велика Британија обвини дека хакери, поддржани од руските власти, нападнале британски, американски и канадски организации, кои разработуваат вакцина против новиот коронавирус.

Русија обвинета за хакерски напади: Обид да се украдат истражувања за вакцини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот