Русија обвинета за хакерски напади: Обид да се украдат истражувања за вакцини

Фото: ЕПА

Хакери, поддржани од руските власти, нападнале британски, американски и канадски организации, кои разработуваат вакцина против новиот коронавирус, соопшти Националниот центар за кибер-безбедност на Велика Британија.

Центарот појаснува дека фармацевтски компании и истражителски групи биле нападнати од групата АРТ29, која според британските власти „речиси сигурно” е дел од руското разузнавање.

Британски официјални претставници не кажуваат дали нападите биле успешни и дали хакерите ја постигнале својата цел да одземат тајни податоци за развој на вакцина против Ковид-19, иако тие нагласуваат дека ниту едно истражување за вакцина не е компромитирано како резултат.

Велика Британија ретко се огласува јавно да обвини друга држава дека е одговорна за координирана кампања за кибер-напади, но британските власти истакнаа дека ја делат оценката со САД и Канада, кои се очекува наскоро да дадат свое мислење.

Групата АРТ29 е активна повеќе години. Таа е позната меѓу хакерите како „Dukes” или „Cozy Bear”. APT29 користи различни алатки и техники за кражба на тајни податоци, вклучувајќи штетни софтвери, како што се WellMess и WellMail. Исто така, ги напаѓа владите, институциите и енергетскиот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот