Песков: Русија е подготвена со ЕУ да го разјасни „случајот Навални”

EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Русија е подготвена со Европска Унија да го разјасни инцидентот поврзан со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, но исто така очекува Европа да ги достави своите податоци, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Русија повеќепати објасни што се случи со берлинскиот пациент на територијата на Русија, поточно во Омск и во Томск, наведе Песков.

Тој истакна дека Русија повеќепати апсолутно транспарентно разговарала за тоа.

– Исто така објаснивме дека ни се потребни информациите кои ги имаат Берлин и Париз и повеќепати објаснивме, но за жал, ниту Берлин ниту Париз не брзаат да ги поделат овие информации со нас, што значително го комплицира разјаснувањето на ситуацијата, нагласи Песков.

Тој потенцира дека се што знае Русија за инцидентот со Навални е јавно достапно.

– Ние, Кремљ, Министерството за надворешни работи, претставниците на нашите законодавни агенции и нашите лекари информираа за инцидентот апсолутно транспарентно, истакна Песков.

Москва, 29 септември 2020 (МИА) – Русија е подготвена со Европска Унија да го разјасни инцидентот поврзан со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, но исто така очекува Европа да ги достави своите податоци, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Русија повеќепати објасни што се случи со берлинскиот пациент на територијата на Русија, поточно во Омск и во Томск, наведе Песков.

Тој истакна дека Русија повеќепати апсолутно транспарентно разговарала за тоа.

– Исто така објаснивме дека ни се потребни информациите кои ги имаат Берлин и Париз и повеќепати објаснивме, но за жал, ниту Берлин ниту Париз не брзаат да ги поделат овие информации со нас, што значително го комплицира разјаснувањето на ситуацијата, нагласи Песков.

Тој потенцира дека се што знае Русија за инцидентот со Навални е јавно достапно.

– Ние, Кремљ, Министерството за надворешни работи, претставниците на нашите законодавни агенции и нашите лекари информираа за инцидентот апсолутно транспарентно, истакна Песков. 

Шпигел: Меркел го посетила Навални во берлинската болница

Навални им се заблагодари на руските доктори и пилоти: Ви благодарам, вие сте добри луѓе (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот