Песков му одговори на Кулеба: Црното Море нема никогаш да биде „море на НАТО“

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денес изјави дека Црното Море „никогаш нема да стане море на НАТО“, туку дека мора да остане море на соработка на сите крајбрежни држави.

Песков ја коментираше денешната порака од Киев, пренесена од шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, дека Црното Море треба да се демилитаризира и „да стане море на НАТО“. Кремљ смета дека оваа порака е заснована на две контрадикции, пренесува руската агенција ТАСС.

„Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО, тоа е заедничко море. НАТО и демилитаризацијата се концепти кои меѓусебно се исклучуваат“, наведе портпаролот на Кремљ.

Министерот за надворешни работи на Украина Кулеба, кој преку видеоврска се обрати на конференција за црноморската безбедност, изјави денес дека е „време Црно Море да се претвори во она што стана Балтичко Море, море на НАТО“, мислејќи на неодамнешниот прием на Финска во воениот пакт.

Кулеба соопшти дека Киев нема да се откаже од своето барање Русија да ги повлече своите војници од Крим и деловите кои ги анектираше како услов да се прекине војната.

Романија, Украина и Молдавија денес потпишаа договори во Букурешт по трилатералната средба за безбедност во Црно Море.

Кулеба вели дека време е Црно Море да биде море на НАТО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот