Перење пари од спомениците „Скопје 2014“: Во Македонија еден споменик чинел 4,7 милиони евра, а во Италија се изработувал за 2,3 милиони евра

Скопје плоштад фонтана „Воин на коњ“
Скопје / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Поранешниот градоначалник на Општина Центар и сопственик на ланецот маркети „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ е обвинет за злоупотерба на службената должност, но неговата банкарска сметка не е замрзната, ниту е донесена мерка за одземање на имот, одредена му е само мерка притвор. Против седум лица се предложени мерки притвор, а против останатите ќе има други мерки.

На денешната прес-конференција обвинителот Љубомир Лапе детално соопшти како преку проектот Скопје 2014 се переле пари и спомениците се набавувале по двојно повисока цена од онаа на тендерот. Ако, на пример, еден споменик во Македонија на тендер чини 4,7 милиони евра, се испраќал во Италија и се изработувал за 2,3 милиони евра. За овој случај меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски и тогашните министри за финансии и за култура, Зоран Ставрески и Елизабета Канческа-Милевска. Вкупно обвинети се 15 физички и седум правни лица, меѓу кои и државјанин на Италија.

Плаќањата од Општина Центар стигале до Италија, односно до фирмите на осмиот осомничен во истрагата, кој е италијански бизнисмен без лиценца за леарница на споменици. Преку офшор компании, тој ги перел парите од Македонија и ги враќал назад во фирмите. Осомничените од овие фирми ги подигале испраните пари и ги предавале на едно место.

Ние имавме сомневање дека ќе ја напуштат државата, не го биравме ние датумот, туку во моментот кога бев известен дека еден од осомничените ја напушта државата беше иницирана целата акција. Истрагата се уште е во тек, колку што ми е познато против четири лица се уште се постапува, во секој случај во текот на денот ќе има подетални информации, информираше Лапе и појасни дека предлози за замрзнување на сметки и имоти се поднесени против осомничените за перење пари и правните лица кои се основани токму со таа намера, Тодоровиќ не е осомничен за перење пари, туку злоупотреба на службената положба.

Тодоровиќ го извршил кривичното дело во период од втората половина на 2007 година па се до 2013 година, кога се спроведувале јавните набавки. Појаснувајќи го кривичното дело, обвинителот Лапе истакна дека откако се склучиле договорите, а има и анекси на тие договори, плаќањата се одвивале од Општина Центар кон Италија.

За да ви дадам прецизен одговор треба да бараме која е последната исплата од Македонија кон Италија, вели тој.

Колку ќе се чека за обвинение, Лапе вели дека не зависи само од обвинителот. Обвинителот посочи дека не постои владин проект или програма под името „Скопје 2014“, се работи за повеќе поединечни проекти и оваа истрага се однесува на 11 споменици, дел од предметот „Феникс. Премиерот во бегство, Груевски, вицепремиерот Зоран Ставревски и Тодоровиќ, како и приведениот советник на Општина Центар, Владимир Здравев започнале да го реализираат проектот „Скопје 2014“.

Советникот во Општина, Здравев е приведен вчера на граничниот премин „Табановце“, а поранешниот градоначалник на скопскиот аеродром.

Покрај воин на коњ, вклучени се и спомениците Лавовите, Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Методија Андонов Ченто, Цар Самоил, геимџии, Цар Јустинијан, првото заседание на АСНОМ и основачите на ТМРО. За тоа дали ќе се отстраунваат, обвинителот посочи дека со оглед на тоа дека се предмет од кривично дело се појавува интересно прашање кое ќе одлучва дали ќе се отстранат спомениците или не.

Приведен сопственикот на „Тинекс“ Владимир Тодоровиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот