Пеп, ти си му пријател на Меси, нека дојде да се забавуваме во Сити! (ВИДЕО)

фото: принтскрин/youtube/Man City

Лионел Меси најмногу се поврзува со Манчестер сити, а сега на социјалните мрежи се појави и едно интересно хит видео помеѓу еден млад фан на клубот и менаџерот Пеп Гвардиола.

Голема радост во лицето на тогаш седумгодишното дете Мет Брејдон кое не можеше да поверува дека во таксито се наоѓа токму стратегот на „граѓаните“.

Видеото е инаку објавено од Сити уште пред четири години, но поради тоа што Меси е главна тема овие денови и неговото можно заминување од Барса, а клубот од „Етихад“ најмногу се поврзува со Аргентинецот, дефинитивно го привлекува вниманието. Ова е само дел од целото видео кое можете да го погледнете ТУКА 

Ти си навистина? Дали е тој навистина? Пеп Гвардиола. Меси е твој пријател. Ти сигурно можеш да му се јавиш доколку сака да ни се придружи и убаво да се забавуваме? – праша младиот фан.

Еве го и одговорот на шпанскиот менаџер:

Меси? Би било убаво! Но, можеби е малку тешко! Ќе биде тешко!

Меси не се појави на првиот тренинг на Куман

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот