Пеп нема дилеми, господски му честита на Ливерпул за титулата

twitter/SportsGridUK

Според тренерот на Манчестер сити, нема никакви дилеми, Ливерпул ја заслужи титулата во Премиер лигата.

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, и официјално се откажа од титулата во Премиер лигата, предноста на Ливерпул од 22 бода на 10 кола до крајот, иако „граѓаните“ имаат натпревар помалку, е преголема. Токму поради тоа, Гвардиола фокусот го насочува кон куп натпреварувањата во Англија но и во Лигата на шампионите.

Манчестер сити во неделата трета година по ред триумфира во Лига купот, а утре го очекува пресметка со Шефилд Венздеј во петтото коло од ФА купот. Сепак, менаџерот на „граѓаните“ не пропушти во манир на голем џентлмен да му честита на Ливерпул.

– Првенството е завршено и Ливерпул сосема заслужено ја освои титулата. По сите натпреари кои ги одиграа, и предноста која ја имаат во однос на конкурентите, апсолутно заслужија да бидат шампиони. Нормално дека би сакал да немаме толку голема негатива на табелата, но сега единствена цел ни е да останеме втори на табелата и да се бориме за трофеите во ФА Купот и во Лигата на шампоионите – изјави Гвардиола.

Трофејниот трнеер не е задоволен само со освојување на Лига Купот, и смета дека „граѓаните“ во последните години го сменија менталитетот и станаа голем тим.

– Во големите екипи во кои работев, кога ќе освоевме трофеј, одевме да на туширање и веднаш потоа размислувавме за следниот предизвик или трофеј. Мило ми е што освоивме три Лига Купа, но веќе утре не очекува важен натпревар. Титулата која Манчестер сити ја освои под водство на Роберто Манчини е најважна во историјата на клубот, бидејќи таа го смени и менталитетот – смета Пеп Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот