Пендаровски: Заклучокот беше да не избрзуваме со голо декларирање на евентуална вонредна или кризна состојба (ВИДЕО)

Од повеќе причини не треба да избрзуваме во носење таква одлука за кризна состојба или евентуално вонредна состојба, рече Пендаровски.

Можно е да се ограничи движењето на граѓаните од една во друга општина и без да се прогласи вонредна состојба, рече претседателот Стево Пендаровски, после денешната седница на Советот за безбедност.

-Заклучокот беше да не избрзуваме со голо декларирање на евентуално повисоко ниво на некои состојби како што е вонредната состојба или кризната состојба на целата територија, затоа што опасноста не постои- рече Пендаровски.

Од повеќе причини не треба да избрзуваме во носење таква одлука за кризна состојба или евентуално вонредна состојба рече Пендаровски.

-Првата основна причина е затоа што, нема потреба, бидејќи деноноќно се следи состојбата. Втората е затоа што кризата за жал ќе трае, повеќе од месец дена. Во оваа ситуација да упатам апел до граѓаните да ги почитуваат стриктно сите мерки кои се предложни и соопштени до сите нив, тоа досега е најдобриот начин да се спречи пандемијата- рече Пендаровски.

Пендаровски упати апел до нашите државјани, да не патуваат надвор.

-Би сакал да упатам апел до нашите кои работат во другите еврпски држави, а над 150 лица се зафатени со овој вирус, без голема потреба да не се враќаат во нашата земја, секој транфер може да ги донесе во ситуација да бидат во контакт со заразени лица , па да го рашират вирусот- рече Пендаровски..

Советот за безбедност ќе ја следи состојбата 24/7 и по потреба ќе се состанува секојдневно, по потреба и по повеќе пати на ден, потенцираше Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот