Пендаровски за утре свика лидерска средба, присутни ќе бидат и Спасовски и Џафери

На лидерската средба ќе се разговара за одложување на изборите закажани за 12 април.

Претседателот Стево Пендаросвки, утре во Вила Водно ќе биде домаќин на средба на лидерите на парламентарните политички партии во земјава, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците. Како што објави Пендаровски на својот официјален фејсбук профил, лидерската средба ја свикал со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020, датум кој беше договорен од страна на лидерите на партиите на средбата која се одржа во октомври 2019 година по Европскиот совет.

На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот