Пендаровски со сопругата домаќини на камерен концерт на млади музичари од Фондацијата „Томислав Зографски” (ФОТО)

Вчеравечер претседателот Стево Пендаровски со сопругата г-а Елизабета Ѓоргиевска беа домаќинина камерен концерт на млади музичари од Фондацијата „Томислав Зографски”.

Меѓу присутните гости беа министерката за култура,  Ирена Стефоска, претставници на дипломатскиот кор во земјава, како и претставници од областа на културата.

Фото: Кабинет на претседател

Ова е прв концерт од ваков вид што се организира во Вила Водно, а целта на оваа иницијатива е промоција на млади изведувачи на класична музика, како и промоција на делата на познати македонски композитори.

Поздравувајќи ги присутните на концертот, директорката на Управниот одбор на Фондацијата „Томислав Зографски”, Панда Зографска Беличанец, истакна дека веќе петнаесет години оваа фондација успешно работи на афирмирање на музичкото творештво на Зографски кое е дел од културното наследство на земјава, како и на поттикнување на развојот на музичката култура во државата и во странство.

Фото: Кабинет на претседател

На камерниот концерт младите музичари: Стефан Неделковски, Јана Каевска, Пандорка Јанакиева, Ева Богоевска, Ѓорѓи Трајков, Маја Витанова, Анел Селим и Леонардо Димоски се претставија со репертоар од познатите композитори: Томислав Зографски, Рио Нода, Лудвиг ван Бетовен, Гоце Колароски, Џон Вилијамс, Игор Стравински, а беа исполнети и обработки на две народни песни „Елено ќерко Елено” и „Јовано Јованке “.

Фото: Кабинет на претседател

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот