Пендаровски: Неспорно е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, но се борел за автономна македонска држава

Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, во тој историски контекст, како што е неспорна историска вистина и факт дека се борел за македонска држава, изјави претседателот Стево Пендаровски во вчерашното интервју за „360 степени“ на Алсат М.

Зборувајќи за дискусиите кои се водат во Бугарија и Македонија за националноста на Гоце Делчев, Пендаровски рече дека изминатиов период имал интензивни консултации со луѓе кои се разбираат од проблематиката.

– Сигурен сум дека постепено ќе станува политички проблем. Тврдам дека допрва ќе станува политички проблем ако пристапот од бугарска страна продолжи да биде ваков. Неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку сознанија од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но дали не е историска вистина стопроцентна дека Гоце Делчев се борел за македонска држава, автономија, независна држава, па дури и на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија. Не постои ниеден документ кој вели дека Гоце Делчев се борел за голема Бугарија или изјави или став дека се борел за припојување на тогашната провинција во Османлиското царство Македонија, кон Бугарија – рече Пендаровски.

Прочитајте и...  Дачиќ и амбасадорот на САД разочарани од Приштина со водедувањето на новите реципрочни мерки

Прочитај повеќе

Белата куќа ја прозва Антифа и апелираше да се почитува редот и законот во земјата

МИА Агенција

Демократски сојуз: Само со железна дисциплина можеме да се заштитиме себеси и останатите

Слободен печат

„Анонимус” се активираа со мисија – разоткривање на злосторствата на полицијата

Слободен печат

Шилегов: „Големата сензација” на ДПМНЕ, затоа државата ни е на ова дереџе

Слободен печат

Трамп им се обрати на гувернерите: Или ќе доминирате или ќе изгледате како кретени

Слободен печат

Полициска интервенција во домот на Амди Бајрам, се слушала гласна музика и огномети

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Сирија, Либија и коронавирусот во фокусот на разговорите на Лавров и Гутереш

Слободен печат

Се зголемува бројот на изолирани и на заразени функционери

Слободен печат

Бугарија го укина карантинот за граѓаните од ЕУ, Србија и Северна Македонија

Слободен печат

Пингвини од зоолошка прошетаа во празен музеј, но никој не очекуваше дека ќе реагирааат вака (ФОТО+ВИДЕО)

Клуге: Наесен можен втор и посмртоносен бран на Ковид-19

Слободен печат

Тачи очекува новата Влада на Косово да се формира што поскоро

МИА Агенција