Пендаровски: Испорачавме сè што треба, дури и промена на името

Шефот на државата, Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник „Пресе“, ја предупредува ЕУ дека за никого нема да биде добро ако не го добиеме ветениот датум за преговори.

– Не се надеваме на сигнал, очекуваме одлука. Во текот на изминатата година и пол, испорачавме сè што треба. Ние дури и го сменивме името по историскиот договор со Грција. Ниту една друга земја-кандидат досега не го сторила тоа.

Пендаровски ѝ укажува на ЕУ дека ако се одложуваат пристапните преговори, ќе изгуби на кредибилитет и веродостојност.

„Граѓаните не прашуваа зошто мораме да го смениме името на нашата држава. Нашиот одговор беше – за да станеме членка на ЕУ. Испунивме сè што се бараше од нас досега. Сега граѓаните прашуваат зошто доаѓа до одложување – изјавил Пендаровски за „Пресе“.

Шефот на државата порачал: „Дајте нѝ шанса и да покажеме дека сме подготвени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот