Пендаровски го посети активистот Мисини кој штрајкува со жед во знак на поддршка за лицата без документи

Фото: Фејсбук

Претседателот Стево Пендаровски утрово го посети активистот Суад Мисини, кој вчера започна штрајк со жед пред Собранието, со цел да им помогне на граѓаните кои имаат проблем со личните документи.

На својот Фејсбук-профил, Пендаровски напиша дека го информирал оти веќе е потпишан Указот на законот со кој се изменува Законот за матична евиденција на граѓаните. Претседателот апелираше до пратениците, кои веќе работат на овој процес, да го завршат што поскоро, бидејќи секој човек има право на достоинствен живот.

Со овие измени им се овозможува на над 600 наши граѓани да ги решат нивните проблеми и да добијат лични документи. Исто така со измените ќе се реши и проблемот со бездржавјанството и на секое дете кое ќе биде родено во земјата затоа што ќе добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители имаат или немаат лични документи. Посебно сакам да потенцирам дека е потребно што е можно поскоро да се направат измени и во Законот за живеалиште и престојувалиште со што ќе се овозможи на уште една ранлива категорија наши граѓани да извадат лични документи, пишува Пендаровски.

На Мисини му порача да продолжи со неговиот активизам, но не на начин што ќе го загрози неговото здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот