Пејачката и славниот актер повторно раскинаа: Подобро им е кога не се заедно!

Profimedia

Иако неодамна се смирија, славниот пар сепак одлучи дека е подобро да раскинат.

Како што пренесуваат странските медиуми, популарниот актер Ченинг Тејтум (39) и пејачката Џеси Џеј (32) повеќе не се заедно, а извор близок до парот вели дека прекинувањето е постигнато со компромис и тие ќе останат само пријатели.

Profimedia

– Се почитуваа доволно еден со друг за да се обидат да ја обноват врската, меѓутоа, сепак сфатија дека им е подобро кога не се заедно – вели тој извор, а пренесува „Ењуз“.

Парот почна да се забавува кон крајот на 2018 година, кога популарниот актер се разведе од сопругата Џен Девон.

Profimedia

Само една години подоцна Ченинг Тејтум и Џеси Џеј раскинаа за првпат, бидејќи, како што тогаш пишуваа медиумите, актерот бил презафатен со кариерата и родителството.

Два месеци по раскинувањето, Тејтум и Џеси се смирија, но тоа повторно не траеше премногу долго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот