Павле Беловски: Седумдесет проценти од медиумските работници се под просечната плата во Македонија

Павле Беловски/Фото: „Слободен печат“/Мете Здравев

Прашањето на плати и стандард на новинарите и воопшто на медиумските работници е поврзано со непостоење организиран дијалог меѓу двете страни, меѓу нашиот синдикат и работодавците. Имено тоа е поради фактот што во Македонија не постои здружение на работодавци од медиумската индустрија вели Павле Беловски претседател на ССНМ во интервју за „Слободен печат“.

„Работодавците во медиумската индустрија не се здружени на ниво на работодавци. Оттаму работникот, односно синдикатот нема страна со кого да преговара, како што предвидува законот. Доколку таква гранка во коморското здружување се формира ќе може да се преговара и да се постигне колективен договор на кого и Владата ќе може да посредува и да биде гарант преку економско социјалниот совет“, вели Беловски.

Претседателот на новинарскиот синдикат Беловски смета дека ние сме меѓу ретките во стопанството каде работодавците не се здружени, но и синдикалното здружување од друга страна е многу мало во споредба со искуствата од западот.

Кај нас само 17% од работниците се синдикално здружени додека на пример во Данска тој процент е 70 проценти. Во однос на просечната плата за која Владата вели дека сега изнесува околу 700 евра, Беловски егзактно посочува дека дури 69 проценти од медиумските работници се под просечната плата во Македонија од вкупно 3.240 вработени во оваа индустрија.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот