Пауновски: Трговците да не манипулираат со цените на јужното овошје

Инспекторите ќе мора да почнат да казнуваат, а тоа никому не оди во прилог, ниту на граѓаните, ниту на државата.

Граѓаните да не креваат паника, зашто лимони и друго јужно овојше има, а трговците на големо и на мало да ја почитуваат договорената маржа од 10, односно 15 проценти, порача денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Тој напомена дека цената на лимоните треба да изнесува 70 до 110 денари, како што била до 11 март. Граѓаните, пак, кога пријавуваат, треба да бидат конкретни, да кажат точно за кој продажен објект се работи, на која улица и број и ги повика неправилностите да ги пријавуваат на бројот 191.

– Проблем имаме со увозниците, со трговците на големо. Контролите се во тек, двајца се веќе казнети. Имаме зголемување на увознта цена. Големотрговците кои се, за жал, само четворица, да знаат дека секое непочитување на владината одлука ќе значи нови, поригорозни мерки, додава Пауновски.

Тој додава дека во таков случај, нагласи, инспекторите ќе мора да почнат да казнуваат, а тоа никому не оди во прилог, ниту на граѓаните, ниту на државата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот