Патрик Виера доби отказ од Кристал Палас

Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Францускиот менаџер Патрик Виера заработи отказ од тренерското место во Кристал Палас.

Бројни пофалби добиваше легендарниот играч за врска во минатата сезона и во првиот дел од актуелната. Сепак, потоа дојде кризен период од почетокот на новата година и на „Селхуст парк“ беа принудени да пронајдат ново решение.

Кристал Палас е без победа уште од 31-ви декември минатата година кога го совладаа Борнмут со 0:2 на гостински терен. Играа цврсто и не беа лесен противник за ниту еден ривал, но резултатите е она што се брои.

„Со тешко срце ја носиме оваа одлука. Но, сега сме во несигурна позиција во Премиер лигата и промената е неопходна“, изјави првиот човек на клубот Стив Периш.

Виера на клупата на Палас помина 20 месеци и тимот го остава на 12-тата позиција со три бода над опасната зона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот