Патријархот Порфириј му го предаде томосот на архиепископот на МПЦ г.г. Стефан

Поглаварите на СПЦ и МПЦ-ОА, Порфириј и Стефан, Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Српскиот патријарх Порфириј денеска во Соборната црква во Белград на архиепископот македонско-охридски Стефан  му го предаде томосот со кој СПЦ ја признава автокефалноста на Македонската православна црква, објави Танјуг.

Според агенцијата Порфириј пред врачувањето на томосот рекол дека се создадени услови и Охридската архиепископија има способности да биде самостојна црква.

Агенцијата не соопшти детали за содржината на томосот со кој СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ.

Утрово во Соборната црква во Белград се служеше света архиерејска литургија со која чиноначалствуваат српскиот патријарх Порфирил и архиепископот охридски и македонски Стефан со владиките од двете цркви.

На 24 мај, денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, српскиот Патријарх Порфириј објави дека СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА, со што беше окончан 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

Претходно на заседанието на Светиот архерејски собор во мај оваа година СПЦ едногласно донесе одлука да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква откако тоа го направи Вселенската патријархија на своето заседание донесе одлука за признавање на Охридската архиепископија како канонска православна црква со што се отвори патот за автокефалност на МПЦ-ОА, а Вселенската патријаршија тогаш и остави на Српската православна црĸвата на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црĸвата во Северна Маĸедонија, во контекст на „светиот канонски поредок и црковната традиција“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот