Партнерство вредно 150 милиони евра: Британски „ГлаксоСмитКлајн“ и германски „Кјурвак“ ќе прават заедничка вакцина против ковид-19

Фото: EPA-EFE/JEROEN JUMELET

Британската фармацевтска групација „ГлаксоСмитКлајн“ и германската биотехнолошка компанија „Кјурвак“ објавија план за заедничко развивање на вакцина против коронавирус што би требала да неутрализира многу мутации на ковид-19.

– Програмата за развој ќе започне веднаш, со цел да се добие вакцина во 2022 година, што ќе добие регулаторно одобрување, се вели во заедничкото соопштение.

Се додава дека „ГлаксоСмитКлајн“ ќе поддржи производство до 100 милиони дози вакцини на „Кјурвак“ оваа година. Вредноста на новото партнерство е 150 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот