Папата Франциск повика на меѓународна солидарност со Либан

Фото: EPA

Папата Франциск денеска повика на меѓународна солидарност со Либан, по експлозијата што се случи оваа недела и уништи голем дел од Бејрут.

– Катастрофата што се случи во вторникот налага на сите нас, почнувајќи од либанскиот народ, да работиме заедно за општо добро на таа сакана земја, рече Папата по неделната молитва на плоштадот „Свети Петар” во Ватикан.

Тој ги повика верските водачи во Либан да бидат пример во тоа, пренесува Гардијан.

– Црквата во Либан треба да биде со народот во овој момент кога му е потребна солидарност и сочувство, рече папата Франциск, повторувајќи го својот повик за помош од меѓународната заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот