Папата Франциск ја пропушта денешната миса поради болест

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Веста за здравјето на папата доаѓа во момент кога Италија се соочува со епидемија на новиот коронавирус.

Папата Франциск е болен и нема да присуствува на денешната миса со римски свештеници во базиликата Свети Јован Латерански, соопштија официјални лица.

Ватикан информира дека 83-годишниот папа не се чувствува добро и оти одлучил да остане во близина на ватиканскиот хотел „Света Марта” во кој живее, како и дека ќе продолжи со другите планирани обврски.

Нема повеќе официјални информации за природата на болеста на папата, додека некои светски агенции јавија дека тој бил виден како кива и го секне носот за време на вчерашната миса.

Веста за здравјето на папата доаѓа во момент кога Италија се соочува со епидемија на новиот коронавирус.

Во северна Италија пријавени се 400 луѓе се заразени со новиот коронавирус.

Три лица биле заразени во Рим и сите се излекувани.

Светските агенции потсетуваат дека папата генерално е во добра здравствена состојба. Како млад загубил дел од белите дробови поради респираторна болест, а има и ишијас кој му го отежнува одењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот